Си ги кубеле косите пред затвор - две жени се испотепале за затвореник

 

Сараевската полиција денеска морала да интервенира да раздели две девојки кои се степале пред затвор. Според информациите на босанските медиуми, еден од затворениците конечно требало да излезе на слобода, а пред вратата го пречекале и неговата сопруга и неговата љубовница. Двете жени започнале вербална расправија која кулминирала во тепачка, при што затворските чувари и полицијата морале да интервенираат.

Сопругата и се доближила на љубовницата и и удрила шлаканица. Потоа двете жени започнале да се кубат, а потоа си размениле и неколку удари. Настанал вистински хаос пред затворот.

Засега не е познато дали мажот излегол на слобода и со која од жените си отишол дома.

10.12.2013 - 16:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега