Зошто Адил ја претепа ќерката на Џеј?

 

Пејачот Адил во петокот навечер ја претепа својата сопруга Ана, ќерка на познатиот Џеј Рамадановски.

Според податоците до кои дојде Наше Новине, кавгата настанала бидејќи Адил си доаѓа дома во раните утрински часови, а и многу време поминувал со девојка по име Адријана. 

- Ана му замерува на сопругот што сама се грижи за двомесечното бебе, додека тој се забавува со Адриана, вели извор близок до нив и додава дека Ана не можела повеќе да го издржи бидејќи пејачот не бил посветен на семејството и ја оставал со бебето да се снаоѓа сама.

За потсетување, Адил негира дека ја претепал сопругата, изјави дека цела кариера ја градел благодарение на својот глас, не бил никогаш замешан во скандали и не знае од каде дошле овие информации, но ќе го тужи весникот кој ги објавил. ОД друга страна, ќерката на Џеј призна дека нејзиниот сопруг ја претепал.

 

10.12.2013 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега