(ФОТО+ВИДЕО) Снеже Велков во „Бомбакис поткаст“ за најлошото новинарско искуство: Ме избрка, не ми даде интервју оти беше пијан
Гостинка во петнаесеттата епизода од „Бомбакис поткаст“, на Кристијан Станковски е една од најпознатите македонски водителки, Снеже Велков.
Секојдневно ја гледаме на ТВ екраните, најчесто во нејзината емисија „Нешто конкретно“, но во утрешната епизода во „Бомбакис поткаст“ водителката ќе седне на „жешкото столче“ и ќе се реализира во улогата гостинка во поткаст.
Снеже ќе раскаже како станала водителка, каде нејзиниот сопруг ја побарал за жена, ќе говори за здравиот начин на живот, а и за возењето велосипед низ Скопје.
Водителката Велков, ексклузивно во утрешниот поткаст открива и за нејзиното најлошо новинарско искуство. Си призна дека познат пејач ја избркал кога таа пробала да направи интервју со него. А пејачот вака реагирал, оти си се напил „некоја чашка алкохол повеќе“. За кој точно пејач станува збор и сите детали од ова нејзино искуство, дознајте ги утре, во Велигденското издание на „Бомбакис поткаст“, со почеток во 21 часот на неговиот „YouTube“канал.
За потсетување, последен гостин во „Бомбакис поткастот“ беше македонскиот рапер Тонио Сан или РНС. Личноста со која израснавме и од која дознавме што е рапот. Во поткастот, Аренгеловиќ кажа дека хип-хопот го доживеал својот зенит, а и дека новите генерации пееле само со „аутотјун“.
„Имаш раѓање, созревање, зенит и опаѓање. Изгледа хип-хопот го доживеа својот зенит. Сега ќе се налутат новите генерации. Ова новово е некој друг правец. Се е друго. Друга е ритам секцијата, друг е импактот, друг е „диливрито“ на стихови. Порано беше срамота да се пее, сега сите пејат со аутотјун“, изјави Аренгеловиќ во „Бомбакис поткаст“.
Во продолжение целото негово гостување кај Кристијан Станковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа