Најпродаваниот роман за 2013 за цена пониска од саемската
Романот чија работната верзија беше транспортирана преку авион, наместо мејл, чувана како најстрого доверлива тајна, уредувана во непозната соба, заклучувана навечер во сеф, печатена во просторија без камери со ограничен пристап на луѓе, дистрибуирана со камиони со вградени системи за следење, конечно во рацете на фановите на авторот кој го потресе Ватикан.
На 15 мај 2013 во Линколн Центарот во Њујорк е закажано дешифрирање на кодовите, симболите и тајните. На овој ден ќе започне светската промоција на „Инферно“, најновиот роман на светскиот писател број 1, Ден Браун.
Издавачката куќа „Култура“, кoја ги откупи авторските права за „Инферно“ планира новиот роман да го издаде на македонски јазик во септември 2013 година.
По повод светската промоција , „Култура“ организира НЕДЕЛА СО ДЕН БРАУН, од 13 до 17 мај 2013 година. Во овој период верните читатели на „Култура“ ќе можат да го купат неговиот последен роман „Загубениот симбол“ за 40% пониска цена.
Бидете и Вие дел од оние кои ја разрешиле мистеријата.
Побрзајте. Количините се ограничени.