ВИДЕО: Заев зад грбот на Црвенковски се договара со Бучковски и Стевчо Јакимовски?

Во кафеана во Велес, кандидатот за претседател на СДСМ, Зоран Заев остварувал средби со исклучените Стевчо Јакимовски и Владо Бучковски, како и со пратеничката Цветанка Иванова. Вакви тврдења беа изнесени во последната емисија „Во Центар“ на Васко Ефтов. 
Заев, ваквите наводи ги демантираше во изјава за Либертас.
„Ма какви кафеански средби, какви договори или заговори. Зошто ми се Бучковски и Јакимовски кога јас сето тоа што го мислам, отворено и слободно му го кажувам и на лидерот, и на партиските состаноци“ – вели Заев за Либертас.

најчитано сега