Девизните резерви на земјава пораснале за 25,6 милиони евра

Според податоците на Народната банка на Македонија, девизните резерви на земјава во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период лани се зголемени за 25 милиони и 600 илјади евра. Годинава тие се на ниво од две милијарди 64 милиони и 800 илјади евра. 

Во вториот квартал од оваа година девизните резерви биле на ниво од две милијарди 39 милиони и 200 илјади денари, а намалување е забележано кај хартиите од вредност во споредба со претходниот кварталво кој вредност била милијарда и 707 милиони и 800 илјади евра. 

Кај монетарното злато е забележано зголемување за 14,6 милиони евра. Скок од 29,8 милиони евра е регистрирано кај валутите и депозитите.

Вкупните девизни резерви во истиот период лани биле на ниво од две милијарди 103 милиони и 600 илјади евра, додека една година претходно биле само над 1,8 милијарди евра.

10.12.2013 - 12:45
Фото: 
Денар.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега