Османи: Очекуваме продолжување на дијалогот и подобра соработка со новата влада на Бугарија

Продолжување на дијалогот и подобра соработка со Бугарија, очекува министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како што истакна Османи, до сега во Бугарија немало политичка влада и тоа бил главниот отежнувачки фактор за нас.

„Тоа што до сега немаше политичка влада во Бугарија беше отежнувачки фактор за нас, немаше политички партнер со кој можеме да се договориме, а во услови кога нема политичка влада, тогаш конзервативни и радикални елементи во општеството го диктираат наративот. Тоа ни се случи нам, за жал, се надевам дека по изборите в недела во Бугарија, ќе се формира политичка влада и, конечно, ќе можеме да продолжиме со дијалогот и соработката“, изјави Османи.

Изборите во Бугарија ќе се одржат в недела на 2 април.

31.03.2023 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега