Двегодишната Уна утре оди во Германија!

Утре малата Уна заедно со своите родители патува во Германија. Двегодишното девојче боледува од најтежок облик на леукемија поради што итно и е потребна операција за која родителите немаат пари.

Како што пренесува српскиот Курир, лекарите од Германија им се јавиле на родителите на болното девојче и ги известиле да ги земат тие 106.000 евра кои досега ги имаат собрано за нивното дете. Според нив трансплантацијата можеби и нема да биде потребна ако Уна помине добро на терапијата.

Инаку, тие вчера бараа парите од сметката за малата Тијана која почина да бидат префрлени на сметката на нивното дете.

10.12.2013 - 11:55
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега