Едно лице купува и по четири стана - голем интерес за „Џеваир скај сити“

Над 40 станови засега се продадени во висококатниците во Аеродром откако започна продажбата. Како што пренесува Дневник, купувачите се од Македонија и Турција, а до сега продадените станови се со различна големина и со различна цена.

- За 15 дена ќе ги потпишеме првите 40 договори за продажба на станови во „Скај сити“. Има случаи кога еден купувач ќе купи и по четири стана одеднаш, затоа што сакаат да инвестираат во недвижен имот. Околу 200 луѓе веќе дојдоа и се распрашуваа за становите во двете згради. Најчести купувачи се Македонци што работат во странство, а има купувачи што се родени во Македонија, а живеат во Турција – информира за Дневник Ејуп Учак, директор за надворешни и за односи со јавноста во „Џеваир холдинг“.

Цените на становите се движат од 1.100 до 2.400 евра за квадратен метар, додека на највисокиот кат цената е 3.000 евра за квадратен метар.

- Разговаравме со тројца купувачи што се интересираа за највисоките станови, но засега нема најава за склучување договор - вели Учак.

Инаку, продажбата на становите започна пред околу еден месец.

10.12.2013 - 10:01
Фото: 
Новамакедонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега