Позитивна оценка од Светската банка за економската состојба во Македонија

Светската банка уште еднаш позитивно ја оцени економската состојба на Македонија. Со извештајот беа опфатени Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, а содржи информации за состојбата на земјите од регионот по нивното излегување од рецесија во првата половина на годинава, очекуваниот кумулативен регионален економски раст од 1,8 проценти до крајот на годината и идните перспективи.

Според извештајот, Македонија во однос на економскиот раст е на прво место во регионот и доста добро напредува, а особено голем напредок се забележува кај невработеноста која се повеќе се намалува.

-Македонија нема јавен долг што излегува од контрола во споредба со другите земји во регионот меѓутоа Владата треба и понатаму сериозно да го сфаќа ова прашање како што беше и досега, е наведено во извештајот на Светската банка.

Исто така, Светската банка ги поздравува и напорите на македонската Влада за подобрување на состојбите.

09.12.2013 - 14:57
Фото: 
Ерепортер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега