Снег во Босна - се евакуира населението

На планината Бјелашница изутринава падна снег, а во другите делови на Босна и Херцеговина од вчера врне пороен дожд.

Најмногу врнежи се забележани во источните, северозападните и централните подрачја на БиХ.

Невремето, проследено со дожд, ветер и грмотевици најмогу ја погоди Тузла и околината.

Според податоците на Цивилната заштита најзагрозена е населбата Црвене Њиве во Тузла, каде е евакуирани населението.

Температурите во БиХ од изутринава се движат од два до 17 степени.

најчитано сега