Трагедија во Кина: 27 рудари загинаа во голема експлозија

Дваесет и седум лица загинаа во експлозија во рудник за добивање јаглен во југозападна Кина, јави ДПА.

Сто и осум рудари работеле под земја, кога се случила експлозијата во рудникот Таоцзгоу во градот Луџоу, во провинцијата Сечуан.

Шестнаесет од вкупно 81 преживеан се ранети и им е пружена лекарска помош.

најчитано сега