ВМРО-ДПМНЕ: Не е проблемот до бројките во анкетата туку до неспособноста и криминалот на СДС и ДУИ

 

Ја разбираме нервозата на СДС, впрочем и нема анкета на која што водат. Не е проблемот до бројките, туку до неспособноста и криминалот на владата водена од ДУИ и СДС, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, бројките се само одраз на незадоволството на народот од неспособноста на Ковачевски и Ахмети.

-Не може Груби од батлер во амбасада да стане милионер, или Ковачевски во јавноста да шири шовинизам и да навредува, а зад камерите да му врти броилото од бизнисот со соларни панели, и да мисли дека народот не го гледа сето ова. Поддршката за ВМРО ДПМНЕ значи дека народот гледа надеж, а за нас тоа значи одговорност да ја извадиме земјата од калта на криминалот и неспособноста на СДС и ДУИ, се вели во реакцијата.

 

26.02.2023 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега