Зеленски: Благодарам на Бајден и Америка, мора да обезбедиме победа оваа година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на говорот на американскиот претседател Џо Бајден во Варшава вечерва.
Во реакција на Твитер, Зеленски им се заблагодари на Бајден и Америка за „нивното лидерство во собирањето на светот за поддршка на слободата и за нивната клучна помош за Украина“.
- Заедно одиме кон заедничка победа и мора да ја обезбедиме уште оваа година!, порача украинскиот претседател на Твитер.
Тој го цитираше Бајден кој рече „Киев стои силно. Киев стои гордо, стои висок и најважно, стои слободно“.
- Сите стоиме обединети и храбри – Украина, САД и целата наша коалиција на победата, напиша Зеленски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа