Аџиоски: Трампате министри како на „Пазар 3“ за спас на криминалот на СДСМ и ДУИ, а не за проширување на европскиот фронт
Денес продолжуваме со циркусот што го приредува ова парламентарно мнозинство со разрешувањето и избор на нови министри во владата. Денес на ред е разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити човек што ретко кој од нас во видел или го познава и е запознат со тоа што го сработил во оваа измината година, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски на денешната собраниска седница за разрешување на министерот за за информатичко општество и администрација.
Аџиоски им посочи на власта, министрите ги менувате секоја година и затоа ништо не е направено, конкретно ниту во оваа министерство, немате ниту план, ниту стратегија.
„Единствено што знаете е да ги трампате овие министри на „Пазар 3“. Најголем успех од она што може да се најде за овој министер, доколку прогуглате за него, ќе видите дека најголемиот успех за овој министер било тоа што во балансерот успеал да вметне 31,5% Албанци, наместо 24,3 колку што по пописот излегоа. Најважно му било тоа наместо стручноста и компетентноста. Не 31,5% и 55% нека се, но ако се стручни и компетентни, никој нема против со тоа. Но, не може да се водите само од процентите, а не од нивниот личен и стручен потенцијал“, истакна Аџиоски.
Посочи дека затоа ни се иселуваат младите, затоа што државата ја водите со проценти, а младите не можат да прифатат да се проценти, за оваа Влада и за функционерите од оваа Влада, најважно е да отворат фирми за производство на струја или за производство и одгледување на марихуана, па, така сите наеднаш станаа инвеститори, наместо министри и премиери и водат сметка само за нивните лични бизниси, наместо да водат сметка за интересот на граѓаните.
„Она што најмногу е симптоматично и што го слушавме од колегите од Алијанса е тоа дека нивното влегување во оваа Влада немало да го нарушело опозициското делување на Алијанса. Како е можно тоа, почитувани колеги? Не може да сте и риба и девојка, треба да се одлучите дали сте власт или опозиција. Од една страна го спасувате криминалот на Ковачевски и Груби и седнувате на иста маса и во иста влада со нив, а од друга страна велите дека не прекинувало вашето опозициско делување. Сакате да кажете дека вие ќе сте опозиција во власта? Уште ова се немаше случено на македонската политичка сцена“, истакна пратеникот Аџиоски.
Аџиоски додаде дека од ДУИ и СДСМ, кажуваат дека ова било за проширување на европскиот фронт, но почитувани, ова не е проширување на европскиот фронт, туку ова е за продолжување на криминалниот фронт на ДУИ и на СДСМ за продолжување на крадењето, за продолжување на пустошењето на Република Македонија, за продолжување на провизиите и тендерите, за продолжување на криминалот.
„И кога некој јавно ќе им го каже ова, одма од страна на ДУИ ќе го окарактеризираат како антиалбанец, затоа што и нема друго што да кажат. Почитувани, најголеми антиалбанци сте вие од ДУИ и од СДСМ затоа што ви сте виновни најмногу, како ДУИ, што Албанците се селат од Република Македонија затоа што 20 години сте на власт ништо не сте направиле да им ги подобрите условите на Албанците во Македонија за да не заминуваат. Заедно со СДСМ ви сте најголеми анти Албанци и анти Македонци, анти Турци, анти Роми, анти сите што живеат во оваа држава, затоа што ги влошувате условите за живот и така ги терате луѓето да заминуваат од оваа држава“, посочи Аџиоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа