Летале шишиња на сите страни - пијан кумановчанец демолирал бензинска па нападнал полицаец

 

Пијан кумановчанец вчера предизвикал вистински хаос и паника кај жителите на кумановско Доброшане. Се работи за 34-годишниот Д.Ѓ. кој се опијанил, дошол на бензинската пумпа “Детоил“ и започнал да крши се пред себе. Бесниот кумановчанец кршел стаклени шишиња, а потоа влегол во продавницата и продолжил да руши се пред себе. Откако полицијата пристигнала на местото на настанот, кумановчанецот нападнал и полициски службеник.

Против кумановчанецот ќе биде подигната соодветна кривична пројава.

09.12.2013 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега