Остатоци од тврда градба пронајдени во водите на Матка

Нуркачите од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ во длабочините на Матка фотографираа дел од ѕидините за кои се верува дека припаѓаат на стара македонска црква.

- Во пределот кој го маркиравме на нашата прва експедиција, на почетокот на 17-тиот век, патеписецот Евлија Челебија ги има регистрирано селата Козарево и Винце, каде живееле околу 150 семејства. Денес над истиот предел, на површината сé уште постојат остатоци од манастирот Св. Јован Златоуст и извор кој се смета дека има лековита вода. А во нашата експедиција успеавме да регистрираме и фотографираме дел од ѕидините, кои веруваме дека и припаѓаат на стара македонска црква. Сега на ред е да се огласат релевантните институции со детална анализа, изјави Киро Ангелески, претседател на „Врело“.

Инаку, се работи за градба лоцирана на околу 1.500 метри од браната на реката.

09.12.2013 - 10:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега