Белата куќа: Групата „Вагнер“ загуби повеќе од 30.000 војници во Украина

 

Руската платеничка воена компанија „Вагнер груп“ претрпе загуба на повеќе од 30.000 луѓе во Украина, соопшти денеска Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Соединетите Американски Држави проценуваат дека 90 отсто од платениците од групата„Вагнер“ се убиени во Украина од декември, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.

Како што јави денеска ТАСС, загинале четворица борци на групата „Вагнер“, кои дошле од Финска, а еден е исчезнат.

17.02.2023 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега