Млад брачен пар убил човек - сакале само „возбуда"

 

Дефинитивно секакви луѓе има на светот. Верувале или не, млад брачен пар, 22-годишниот Елиет и 18-годишната Миранда Барбу, убиле човек со кој се запознале прекуИнтернет, и тоа само за возбуда, бидејќи сакале некаква авантура во животот.

Како што соопштува полицијата во Пенсилванија, девојката вели дека често се запознавала со мажи на Интернет со кои излегувала за пари, а жртвата, 42-годишниот Трој Лафери го запознала неодамна. Таа вели дека го избодела со нож дури откако тој и ги ставил рацете на врат и почнал да ја дави.

Девојката била веднаш уапсена, а бил уапсен и нејзиниот сопруг бидејќи е виден на камера како заедно со неа купува средство за чистење во маркет, за да нема траги од грозоморното убиство.

09.12.2013 - 10:10
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега