Бериша забрани користење службени возила за изборна кампања
Во пресрет на парламнетарните избори, закажани за 23 јуни, албанскиот премиер Сали Бериша издаде наредба со која се забранува употреба на службените возила во изборната кампања.
Наредбата важи почнувајќи од самиот Бериша, државната администрација и јавните претпријатија.
- Ниту премиерот, ниту министрите, но исто така ниту еден владин претставник и функционер од администрацијата нема да користи службено возило за изборната кампања. Некој ќе рече дека јас ќе патувам и со хеликоптер, но тоа не било и нема да биде вистина, изјави Бериша.
Според него светските медиуми информирале дека албанскиот извоз во првиот квартал од годинава зебележал раст од 17 отсто, споредено со истиот период лани. Исто така според него намалување бележи и нивото на инфлација.