Лозановска: Власта не исполни ништо од она коа го ветуваше во предизборната кампања
Олга Лозановска, пратеничка во Собранието на Република Македонија на денешната собраниска седница зборуваше за состојбите во здравството и потенцираше дека денеска нема ништо од она кое власта го ветуваше во предизборната кампања.
-Ќе започнам со програмата со која што дојдовте на власт, цитирам стабилен и модерен здравствен систем, па ве прашувам дали денес имаме стабилен и модерен здравствен систем. Ветувате лек за секој пациент, дали имаме денес лек за секој пациент? И тоа го немаме. Значи нема ништо од она кое што го ветувавте во вашата програма, рече Лозановска.
Лозановска во текот на своето обраќање се осврна и на законите кои ги донесе власта во доменот на здравјето каде истакна дека тие закони важат само за лица блиски во власта. Таа исто така го спомена и немањето на лекови за одредени пациенти со малигни заболувања како и пациентите со ретки болести.
-Сега ќе започнам со носење на закони. Донесовте закон за пензионирање на здравствени работници кој што закон го искористивте само за партиски луѓе, а останатите буквално ги избркавте од работа. Слушаме дека се наградувале вработени во министерството за здравство и тоа се луѓе лица блиски до власта, а другите без книшка или од друга партија не морат да се вработат, ги штедите најверојатно, се грижите за нив да не се мачат да работат. Пациентите со малигни заболувања немаат терапија, терапија за пациенти со ретки болести нема и тука бирократија била виновна. Формирање на комисија, па тендер, болните со цистична фиброза оставени сами на себе. Мој термин е мисловна именка, ако немаш пријател нема мој термин. Заминување на медицински кадар надвор од државата, без книшка од СДС и ДУИ нема вработување, ова било здравје за сите. Лекот за цистична фиброза ќе го набавеле само за 8 пациенти, па сакам да прашам кој ќе биде критериумот. Кој ќе понесе одговорност доколку им се случи на останатите, кажа Лозановска.
Пратеничката на заклучи дека власта се што вети не исполни ништо, туку се спротивно направила и сето тоа води до уништување на здравството.
-Вие се што ветивте сосема спротивно направивте. Чекор по чекор го уништивте здравството, но оваа влада односно ваши блиски основаат фирми за увезување на струја, за да ни ја наплаќаат поскапо, па нели се грижите за сите, живот за сите?, додаде Лозановска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа