Атина ја откажа средбата Џафери - Аврамопулос

Атина ја откажа утрешната средба на македонскиот министер за одбрана на Талат Џафери и неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос, објавува Канал 5.

Средбата која требаше да се одржи утре во грчкото Министерство за одбрана е откажана поради смртта на Мандела и одлуката токму Аврамопулос да ја претставува грчката влада на погребот.

Од грчкото Министерство за одбрана велат дека посетата на македонскиот министер ќе се реализира кога ќе се одреди нов датум.

Ова ќе биде трета средба на Џафери и Аврамопулос. Тие, во септември годинава се сретнаа во Лариса во рамките на свечената церемонија по повод примопредавањето на должноста командант на Мултинационалната бригада на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ, а месец дена подоцна се сретнаа и во Брисел. 

08.12.2013 - 15:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега