Младо момче направило хаос во скопско кафуле

25 годишниот скопјанец Д.М. си заработи кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, откако полицијата утврдила дека предизвикал инцидент употребувајќи пиштол кој нелегално го поседувал.

Инцидентот се случил на 2. декември годинава во кафе бар во населбата Шуто Оризари, кога Д.М. се сретнал со лице со кое веќе еднаш физички се пресметал . По кратка вербална расправија, Д.М. го нападнал својот противник, го удрил со пиштол во главата и избегал.

Д.М. бил повикан во полиција, каде доброволно го предал пиштолот кој нелегално го поседувал. 

 

 

08.12.2013 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега