„Сакаше да биде добар татко и син“ - Пол Вокер планирал да се пензионира од актерството
Ѕвездата од Fast and Furious серијалот, Пол Вокер кој загина во трагична сообраќајна несреќа планирал да се откаже од актерството годинава, за да се посвети на својата ќерка Meadow.
Пријателите на Вокер, Рон Шикари и Винс Крос велат дека Пол разговарал со својата фамилија за пензионирање од актерството за да може почесто да ја гледа својата ќерка. Тие за актерот велат дека бил многу лојален на другарите и не бил арогантен како другите ѕвезди.
Рикардо Милер пак, кој бил инструкторот за џиу џицу на Пол цели 10 години. Патувал со него и му помагал во боречките сцени во филмовите. Тој изјавил дека Пол се грижел многу повеќе за тоа да биде добар татко и син, отколку филмска ѕвезда.
08.12.2013 - 12:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа