Двајца Албанци и грчки полицаец загинаа на тромеѓето меѓу Македонија, Албанија и Грција

 Еден грчки полицаец и двајца албански државјани ги загубија животите во престрелка која се случила рано изутринава во близина на грчко-албанската граница, соопшти полицијата во Солун.

Тројца полицајци, кои биле во патрола и истражувале влез на имигранти на грчка територија, наишле на двајцата Албанци, кои се криеле во напуштена овчарска колиба. 

Албанците биле вооружени, а едниот од нив отворил оган и убил еден од полицајците, по што полицајците возвратиле.

Двајцата убиени албански државјани се уште не се идентификувани. 

08.12.2013 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега