Пратениците ќе расправаат за Буџетот на 16. декември

Пратениците ќе го разгледуваат Предлог-буџетот за 2014 година на собраниската седница закажана за 16 декември. Деловникот за работа на Собранието предвидува пратениците да имаат пет дена за расправа за Предлогот.

Претходно се очекува Владата до Собранието повторно да го достави дополнетиот предлог-текстот со вградените амандмани. 

Спикерот Трајко Вељаноски по завршувањето на седницита на Комисијата за финансирање и буџет во неделата на полноќ и на Законодавно-правната комисија во понеделникот, го врати Предлог - Буџетот до Владата со извештајот за прифатените и поднесените амандмани.

Комисијата за финансирање и буџет прифати пет од поднесените 684 амандмани. Во рокот од десет дена за амандманската расправа Комисијата успеа да разгледа само 291 амандман.

Државната каса за следната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата од 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.

07.12.2013 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега