Почна Скопскиот маратон 2013

 

Под покровителство на Град Скопје, денеска традиционално по деветти пат се одржува Скопскиот маратон. Организаторите очекуваат рекорден број натпреварувачи, од 36 држави пријавени се околу 4.900 за четирите трки.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски овој настан го оцени како еден од најголемите афирматори на македонската метропола.

- Скопскиот Маратон се повеќе го зазема местото како една од најзначајните спортски манифестации во градот Скопје, па и во Република Македонија. Овој настан станува европски и светски бренд кој привлекува голем број натпреварувачи од целиот свет. Со учеството на овој маратон се исполнуваат нормите за најзначајните светски маратонски натпреварувања, истакна Трајонвски на денешната прес-конференција.

Тој најави поддршка на оваа манифестација и во следните години со цел негово понатамошно развивање. 
На присутните новинари им се обрати и Александар Пујовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт. 
- Влогот на многумина низ годиниве во организирањето на овој настан придонесе Скопскиот Маратон да прерасне во настан кој го промовира нашиот град и нашата држава, градејќи и одразувајќи своевидна култура на живеење, оставајќи траен белег низ спортот, рече Пујовски.

Трките започнаа утринава во 9 часот е во 9 часот кај „Рекорд“. 

Како и секоја година ќе се трчаат четири трки, како главни се издвојуваат Маратонот со 200 атлетичари кои ќе се натпреваруваат на 42км. и Полумаратонот со 600 учесници на 21км. На Хуманитарната трка се пријавени 3.500 рекреативци кои ќе трчаат 5км. и на Мини Маратонот во кој ќе трчаат 600 деца. 
Целта на сите трки е на Плоштадот Македонија.
Подигањето на стартните пакети ќе биде од денеска до 11 мај од двокатен панорамски автобус на плоштадот Македонија. 

ФОТО: Фактор

најчитано сега