Кина: Подготвени сме да изградиме поправеден светски поредок со Русија
Кина е подготвена да ја прошири стратешката соработка со Русија за да ја промовира демократизацијата на меѓународните односи и да изгради поправеден и порационален светски поредок, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.
„Кина во новата година е подготвена да работи со Русија за зајакнување на стратешките врски и продлабочување на практичната соработка со цел да придонесе за унапредување на демократизацијата на меѓународните односи, формирање поправеден и порационален меѓународен поредок и да го олесни изградба на заедница со заедничка иднина за човештвото“, рече Ванг, според ТАС.
Тој нагласи дека „под стратешкото раководство на двете земји, руско-кинеските односи започнаа нов пат на хармоничен соживот и заемно корисна соработка меѓу соседните земји“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа