За утре се најавува проест и уривање на споменикот на Цар Душан во Скопје

 Македонските медиуми кои известуваат на албански јазик јавуваат дека преку социјалнтие мрежи се организира протест за уривање на споменикот на Цар Душан во Скопје.

Извесен Африм Гаши преку социјалните мрежи праќа покани до корисниците.

„Почитувани граѓани на Република Македонија Ве поканувам сите вас, утре во 12.00 часот, да ми се придружат во намерата да го отстраниме споменикот на Цар Душан, кај мостот Око на плоштадoт Македонија. Како граѓанин кој сака да помогне на владата на Македонија, градот Скопје и на Општина Центар, ги поканувам и сите други граѓани, заедно да го отстраниме споменикот поставен на сред Скопје без дозвола и нарачка од горенаведените институции. Со ова писмо се обраќам и до сите пишани и електронски медиуми да го проследат настанот, при што длабоко сме уверени дека настанот е за добробит на сите граѓани на Македонија и за посветла иднина на нашата земја“ – се вели во повикот. 

06.12.2013 - 23:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега