Загина 25 годишна девојка од скопско Ѓорче Петров - паднала од 5 спрат

Дваесет и пет годишна девојка го загуби животот попладнево паѓајќи од петти кат од зграда во скопската населба Ѓорче Петров, јавува Телма. Според информациите кои ги објави телевизијата повикувајќи се на увидот и изјавите на нејзиното семејство, најверојатно станува збор за трагична несреќа. Девојката чистејќи прозорци загубила рамнотежа и паднала низ еден од прозрците. Според првичните информации, таа го подготвувала домот за својата дипломска прослава.

06.12.2013 - 22:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа