Ќе се прошируваат булеварите „Христијан Тодоровски-Карпош“ и „Никола Карев“

 

Таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска објави дека булеварите „Христијан Тодоровски-Карпош“ и „Никола Карев“ или Пластичарска улица до Американската амбасада и делови од улицата „Цветан Димов“ ќе се прошируваат идната година.

Градоначалникот Трајановски потсети и на дел од реализираните активности на Град Скопје и јавните претпријатија за 2013 година на територијата на општина Чаир.

- Пуштена е во употреба новата кружна крстосница меѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора македонска бригада“, како и повеќе зафати на територијата на месната заедница „Бајрам Шабани“, рече Трајановски.

06.12.2013 - 15:49
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа