Канческа-Милевска: Идната година ќе се истражува локалитетот Била Зора

 

Министерката за култура, Канческа Милевска, денеска работно го прошета Свети Николе. Таа истакна дека следната година археолошките истражувања ќе бидат насочени кон локалитетот Била Зора, кој има огромен потенцијал.

- Со целиот тој капацитет да се продолжи со истражувањата на овој значаен локалитет, кој сум убедена дека ќе има огромен потенцијал за туристичка промоција на Свети Николе, а преку него и на нашата држава, рече Канческа-Милевска.

Градоначалникот на Свети Николе истакна дека за општината е од големо значење локалитетот Била зора, за кој минатите години беа заинтересирани и археолози од странство.

- Сега ова е порака и до бизнисмените, за тие да почнат да размислуваат и за сместувачки капацитети во Свети Николе, рече Тасев. 

06.12.2013 - 15:21
Фото: 
Ерепортер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега