Лукашенко нагости кај руските војници: „Подготвени сме“
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја посети воената база во која се стационирани руски војници, соопшти Министерството за одбрана.
За време на посетата, Лукашенко разговараше со неименуван претставник на руската војска за заедничките воени вежби на двете земји, беше соопштено.
„Во оваа фаза, единиците на вооружените сили на Руската Федерација се подготвени да ги извршуваат задачите според планираното“, рече претставникот.
Белорусија, близок сојузник на Русија, во четвртокот соопшти дека ќе добие повеќе оружје и опрема од Русија додека двете земји ја зајакнуваат воената соработка.
Од страна на Минск беше изјавено дека нема да војуваат во Украина, но Русија ја искористи Белорусија како терен за инвазијата на 24 февруари и продолжува да го користи белорускиот воздушен простор за напади со беспилотни летала и ракетни напади, анализираат медиумите во регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа