Нови поволности од ONE за корисниците

Овој декември, корисниците на  Boom TV ќе имаат можност бесплатно да уживаат во програмските содржини на  двата најпопуларни филмски канали, HBO и HBO Comedy.

Boom TV ги воведува HBO и HBO Comedy, кои промотивно во декември ќе бидат бесплатни за сите нови и постоечки корисници на Boom TV кои имаат активирано Пакет Плус или Екстра Пакет Плус.

Од први јануари, 2014 година корисниците на Boom TV ќе можат и понатаму да ја следат филмската програма на HBO и HBO Comedy доколку активираат еден од новите пакети: Extra HBO Promo (HBO пакет + Екстра Пакет Плус) за 349 денари/месечно или HBO пакет (HBO и HBO Comedy) по промотивна цена од само 199 денари/месечно 

За да ги следат новите содржини, сите нови корисници и постоечки корисници кои имаат активирано Пакет Плус и Екстра Пакет Плус, потребно е да направат прескенирање на каналите. Со влез во менито, корисникот треба да ја избере опцијата технички подесувања и пребарување на канали. По овој процес HBO и HBO Comedy корисникот ќе може да ги следи на 55 односно 56 канал. 

Новите канали HBO и HBO Comedy се вистинско предновогодишно освежување за љубителите на филмот, а единствено корисниците на Boom TV, цел декември бесплатно ќе уживаат со омилените филмски јунаци, урнебесните комедии и романтичните филмови кои ги нудат овие два канали

06.12.2013 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега