Починале во ист ден по 65 години брак

Еленор починала на 29 ноември во градот Монро, во Северна Каролина, додека ги поминувала последните денови од животот во Центарот за палијативна нега.

Шест часа подоцна, нејзиниот сопруг Френк починал поради проблеми со белите дробови, но не знаел дека во меѓувреме починала и неговата сопруга Еленор. Нивната љубовна приказна започнала да се шири на интернет откако биле објавени нивните фотографии во весниците.

Се запознале во 1948 година во еден салон за автомобили каде Френк купувал автомобил ,а Еленор работела како адвокат. Кога продавачот го прашал Френк дали сака да оди на тест возење, одговорил:„Може но само ако со мене дојде и вашата адвокатка„, раскажува нивната ќерка.

Од тогаш биле заедно, а Френк не ја напуштил еленор дури ни кога нејзиниот крај бил сосема близу. Иако во домот за палијативна нега имала се што и треба, Френк доаѓал секој ден и се грижел за неа.

Закопани се заедно на гробиштата Лејкленд мемориал парк.

06.12.2013 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега