Невреме во Полска - загинаа три лица, а петмина се повредени
Загинаа три лица, а петмина се повредени во силното невреме кое од синоќа ги зафати територите на Западна Померанија и Шлезија.
Жртвите настрадале во автомобил врз кој паднало дрво. Четвртиот патник во возилото бил повреден.
Уште четири лица се повредени при откорнување на дрва или уривање на покриви.
Најсилни удари на ветрот се забележани во Западна Померанија, Долна Шлезија, Шлезија и Големополскиот регион.
Поради невремето безелектрична струја останале повеќе од 100.000 жители , а дежурните служби се трудат да ја поправат електричната мрежа.
06.12.2013 - 13:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа