ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство - рејтингот на СДСМ во слободен пад

Ако утре се одржат предвремени избори 19% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ покажува најновата анкета на ИРИ. Според неа, за СДСМ ќе гласаат 11%, 7 за ДУИ а 6 за Левица. Во однос на претходната анкета спроведена во ноември лани, СДСМ загубиле 5 поени од својот рејтинг а ВМРО-ДПМНЕ 1%. Рејтингот на ДУИ останал ист додека на Левица се зголемил за 2 поени.
Според анкетата, близу 60% од граѓаните сметаат дека земјава се движи во погрешна насока што е речи си двојно повеќе од лани, а како најголеми проблеми се истакнуваат слабиот стандард, високите цени и корупцијата.


Анкетата е спроведена од Брима  врз репрезентативен  примерок од 1,207 испитаници во периодот од 23 септември до 13 октомври

19.12.2022 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега