Тетовчанец осиромаши преку ноќ - одењето на гости го чинеше 120.000 денари

Крадците дефинитивно не запираат. Синоќа била ограбена куќата на 60-годишниот С.Б. од Тетово, додека домашните не биле во куќата.

Според податоците од полицијата, крадците го искористиле отсуството на домаќините, влегле во дворот насилно ја отвориле балконската врата по што од фиока на комода во спалната соба одзеле комплет накит Сваровски а потоа од подрумот што бил адаптиран како дневна соба одзеле 1.000 швајцарски франци, 500 американски долари, 200 дански круни и 800 денари.

Така, преку ноќ, тетовчанецот остана без 120 илјади денари.

06.12.2013 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега