Уште еден скопјанец ќе оди во затвор бидејќи крадел струја

Основниот суд Скопје 1 донесе уште една затворска пресуда за кражба на струја и го осуди Б.М. (51 год.) од Скопје. Обвинетиот за кривичното дело кражба на струја според кривичниот законик доби затворска казна во траење од 4 месеци. Во периодот од март до септември 2011 година, тој отстранил еден напонски мост од трифазното електрично броило поради што потрошенатана струја неправилно се регистрирала, а целта му била да избегне плаќањето на истата. Со тоа направил кривично дело кражба на електрична енергија.   

Ове е веќе четврта изречена затворска казна за кражба на струја оваа година, пресудена според стариот кривичен законик каде максималната затворска казна изнесува до три години. Измените во Кривичниот законик кои стапија на сила годинава се многу построги и тие за кражба на струја, парно и природен гас предвидуваат затворска казна до 5 години.

 

Во ноември на затворска казна од една година беше осудена Р.П. (54 години) од Скопје, управител на неколку друштва за внатрешна и надворешна трговија за манипулација на броилото кое по манипулацијата потрошената електрична енергија не ja регистрирало соодветно, со што осудената се здобила со одредена материјална корист. Предходно беа изречени уште две затворски казни за кражби на струја во траење од шест месеци и една на едногодишна, сите во Скопје. Со овие одлуки сe зголемува генералната превенција на ваквиот вид криминал. Кражбите на струја најмногу во зимскиот период влијаат на функциниорањето на дистрибутивниот систем  и предизвикуваат опасност за човечките животи и околината бидејќи тие најчесто се пропратени со пожари во кои страда инсталацијата и броилата  но и цели објекти. 

06.12.2013 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа