Груевски тет-а-тет со заинтересирани инвеститори од Дубаи

 

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со заинтересирани инвеститори од Дубаи за производство на јаболко и овошје. Средбата ќе се одржи во Владата на Република Македонија.

 

Претходно, премеирот ќе биде дел од Бизнис-форумот  во организација на Кабинетот на министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и Европската стопанска комора на Централна и Источна Европа.

 

За време на форумот, повеќе од 40 компании од Централна и Источна Европа ќе се запознаат со можностите за инвестирање во земјава.

06.12.2013 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега