Од идната година изготвување и одобрување урбанистички планови по електронски пат

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска за време на конференцијата „Вистински импакт за подобро владеење“ ја информираше јавноста дека Министерството за транспорт и врски планира од следната година сите постапки за изготвување и одобрување урбанистички планови да се одвиваат по електронски пат.

Јаникиески вели дека електронски систем за урбанистички планови нема во ниту една држава во Европа, а со неговото воведување ќе се овозможи урбанизација на просторот на потранспарентен и поефикасен начин што ќе ги зголеми инвестициите и ќе го забрза економскиот развој.

- Тоа го направивме само со воведување на алатката, ние не ги сменивме луѓето. Од 1 ноември преку истиот систем се спроведуваат сите постапки за добивање одобренија  во областа на градежништвото, наведе Јанакиески.

Така, од  1 јуни до 1 ноември годинава се поднесени 1.504 барања и веќе се издадени 389 одобренија.

06.12.2013 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега