Жолтата тренерка на Брус Ли е продадена на аукција
Тренерката која ја носеше Брус Ли во филмот „Игра на смртта“ е продадена за 100 илјади долари.
Жолтата тренерка со црни линии на ракавите ја сошил кројач од Хонгконг специјално за Ли.
По повод годишнината од смртта на славниот актер, биле понудени уште десетина предмети, меѓу кои и нунчаки, исто така користени во филмот, а се продадени за 70 илјади долари.
Жолтата тренерка Квентин Тарантино ја овековечи во неговиот филм „Кил Бил“ каде ја носеше Ума Турман.
Брус Ли почина од алергиска реакција на лек против болка.
06.12.2013 - 11:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа