Акција Гром - српската полиција апси дилери

Во Србија започна големата полициска операција наречена „Гром“ насочена против наркодилерите, јави утрово српската државна телевизија РТС.

Во полициската акцијата, во која учествуваат сите 27 полициски управи во Србија, се апсат членови на организирани криминални групи, кои се занимаваат со шверц на наркотици, соопшти претставник на полициското Биро за координација на службите за безбедност.

Оваа полициска акција се спроведува по наредба на вицепремиерот Александар Вучиќ.

Се очекува да бидат уапсени неколку стотици лица, кои се занимаваат со оваа криминална актвиност, а повеќе информации за акцијата ќе бидат познати во текот на денот. 

06.12.2013 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега