Службеничка во банка си присвоила 200.000 евра

Полицијата во Зајечар ја уапси 52-годишната М.Н. вработена како банкарска службеничка, која ја оштетила банката во која работи за 200.000 евра.

Како што пренесува Новости, полицијата до сега открила дека жената си присвоила 200.000 евра, иако се сомневаат дека всушност станува збор за уште поголема сума. Овие пари таа си ги присвоила од 2011 до сега, а треба дополнително да се проверат нејзините сметки и пред 2011 година.

Засега на жената и е одреден 48 часовен притвор.

06.12.2013 - 10:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега