Канцеларијата на Барозо се извини: Не сакавме да навредиме со ПЈРМ

 

Канцеларијата за информации на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо денеска се извини поради користењето на кратенката “ПЈРМ” (FYROM) во синоќешниот писмен одговор за средбата на Барозо со македонскиот претседател Ѓорге Иванов .

Како што јавува МИА, од Канцеларијата на Барозо велат дека усвоено правило во Европската унија и официјална употреба на сите институции во Брисел, ако веќе не можат да го користат нашето уставно име Република Македонија, е да ја употребуваат целата референца договорена во Обединетите нации.

- „Вашата забелешка е нотирана. Се извинуваме. Не сакавме да предизвикаме навреда или било-каква непријатност. Ве молам, апсолутно користете ја целата референца поранешна југословенска Република Македонија на местата каде што стои ПЈРМ (FYROM) во нашиот одговор“.

За потсетување, синоќа  портпаролката Пиа Аренкилде-Хансен преку својата помошничка Натасја Бохез Рубиано испрати кус одговор за средбата на претседателите во Виена, употребувајќи ја за Македонија кретенка од меѓународната референца „поранешна југословенска Република Македонија”.

06.12.2013 - 09:48
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега