„Не судете по успехот, судете по тоа колку пати сум паднал и пак сум застанал на нозе“ - ова се најдобрите цитати на Мендела

Нелсон Мандела, поранешен претседател на Јужноафриканската Република и водачот на Апартхејдот, почина вчера после долго боледување на 95-годишна возраст.

Во 1993 година ја доби Нобеловата награда за мир, а во следната 1994 беше избран за првиот црнечки претседател на Јужноафриканската република.Пет години подоцна се повлече од функцијата, препуштајќи им ја помладите од себе, а во 2004 година се повлече од јавниот живот. Последен пат се појави во јавноста во 2010 година, на отворањето на Светското фудбалско првенство. Мандела долги години страда од проблемите со белите дробови. Во осумдесетите години на 20 век, тој беше лекуван од туберколоза, додека ја издржуваше казната доживотен затвор, на островот Робен.

Мендела ке остане запаметен и по овие негови цитати: 

1. Тешкотиите можат да скршат човек, но и да направат. Ниту една секира не е доволно остра да ја пресече душата на грешник кој продолжува да се труди, грешник вооружан со надежта која ќе се возвиши на крајот“.

2.Секогаш изгледа невозможно, додека не е направено.

3.Да можам да го вратам времето, би го направил истото. Како и секој човек кој се смета себе за човек.

4.Сакам пријатели кои имаат независен ум, бидејќи прават да ги согледате проблемите од сите можни агли.

5. Вистинските лидери мора да бидат подготвени да жртвуваат се’ за слободата на своите луѓе.

6. Фундаментална грижа за другите во нашите индивидуални животи и животите во заедницата е долгиот пат кон подобар свет за кој толку страствено мечтаевме.

7. Секој може да се возвиши над своите околности и да постигне успех ако е посветен и страствен за тоа што го работи.

8. Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот.

9. Научив дека храброста не е отсуство на стравот, туку триумф над него. Храбриот човек не е оној кој не чувствува страв, туку оној кој го покорува стравот.

10. Да се биде слободен не значи да се ослободи некој од синџирите, туку да се живее на начин кој ја почитува и овозможува слободата на другите.

11.Лутината е исто како да пиете отров и да се надевате дека ќе ги убие вашите непријатели.

12. Водете од назад – и дозволете им на другите да веруваат дека се напред!

13.  Не судете ми според мојот успех, судете ми според тоа колку пати сум паднал и пак сум застанал на нозе.

14. Ја мразам расната дискриминација најинтензивно, и сите нејзини манифестации. Сум се борел со се’ во текот на мојот живот, се борам со неа сега, и ќе се борам до крајот на моите денови.

15. Добра глава и добро срце се секогаш импресивна комбинација.

06.12.2013 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега