Загинаа пет луѓе во силното невреме во северна Европа

Силното невреме кое вчера прво ја погоди Велика Британија, а потоа и Германија и скандинавските земји, загинаа пет лица, десетици илјади семејства  останаа без струја, а беше запрен и железничкиот и поморскиот сообраќај, додека авиосообраќајот се одвиваше со задоцнување.

Метеоролозите предупредуваат дека бурата „Ксавер“ би можела да биде најсилната која го погодила континенталниот дел на Европа во последните години.

Како што  соопштија Британските власти  дека е поставена бариера на реката Темза  за да го заштити Лондон од поплави поради силната морска плима. Две лица загинаа во Шкотска при удар на ветрот со брзина до 225 километри на час. Возач на камион го загуби животот, а четворица се повредени кога возилото се превртело и се судрило со друго возило во централниот дел на Англија, каде од невремето починало уште едно лице.

Повеќе од 100.000 домаќинства ширум Велика Британија останаа без струја. Од нафтените платформи во Северно Море беа евакуирани луѓето и производството беше прекинато, а возовите не сообраќаа во Шкотска. Спасувачки екипи биле повикани да се вклучат во акциите за спасување на луѓе во северен Велс, а 15.000 лица биле евакуирани од источниот британски брег.

Полицијата во западниот дел на Данска соопшти дека 72-годишна старица починала кога комбито, во кое се наоѓала, се превртело од невремето. Метеоролозите наведуваат дека ударите на ветрот долж германскиот брег на Северно Море биле со јачина од 140 километри на час.

Проблеми со сообраќајот беа регистирани во цела северозападна Европа. Авионските летови од и до меѓународниот аеродром во Копенхаген синоќа беа откажани, како и сите летови од аеродромот во Хамбург, во северниот дел на Германија. Полицијата во Данска и Германија побара од населението да остане во своите домови, со цел да ги одбегнат силните удари на ветрот.

Некои училишта во северниот дел на Холандија порано од предвиденото ги распуштиле децата поради невремето.

Во Шведска исто така биле откажани неколку внатрешни летови. Патниот и железничкиот мост Оересунд, кој ги поврзува Шведска и Данска, беше затворен, а во прекин беа и неколку шведски железнички линии.

Истовремено и траектите кои сообраќаат на линиите кои ја поврзуваат Германија со Шведска и Данска беа откажани поради невремето

06.12.2013 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега