Работнички го совлада Вардар Апаве

Тимот на Работнички вчера во рамки на првиот меч од 10 коло од Првата кошаркарска лига го прегази Вардар Апаве со 107:96. 

Победата ги смести играчите од „Градски парк“ на лидерската позиција на табелата со осум победи и само еден пораз.

Вардар од друга страна го претрпе седмиот пораз. Со најдобра реализација се истакнаа Душан Кнежевиќ со 26 поени и Дарко Соколов со 25. Кај Вардар најефикасен беше Васиљевиќ со 16 поени.  

На мечот Жарко Ѓуриќ играчот на Вардар имаше незгода откако го повреди склочниот зглоб. 

Во ова коло другите двојки се: Пелистер Спорт - Лирија, Фени Индустри - Кожув и Куманово - Струмица. Сите овие дуели се играат утре, додека денес во 12 часот е натпреварот вон конкуренција меѓу Македонија Млади и Карпош Соколи.

Табела: Работнички 8-1 (победи-порази), Кожув 7-1, Лирија 6-2, Куманово 5-3, Струмица 4-4, Фени Индустри 3-5, Карпош Соколи 2-6, Вардар Апаве 2-7, Пелистер Спорт 0-8.

06.12.2013 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа