Пратениците ќе расправаат за знамето од Кутлеш

Пратениците и денеска со полни раце работа. Во рамки на продолжението на 77. седница на дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за извршување, на Законот за јавните патишта, на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за државниот инспекторат за локална самоуправа, на Законот за културата, на Законот за употребата на македонскиот јазик, сите во прво читање.

Исто така, ќе се расправа и за Предлог на закон за дополнување на Законот за рамномерен регионален развој во прво читање, како и предложените закони од пратеникот Ивон Величковски за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Република Македонија пред влегувањето во сила на привремената спогодба потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, како и за амнестија.

06.12.2013 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега