Денеска сончево ама кочан-ладно

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево. Утрото повторно ќе биде студено. Температурата ќе се движи од минус седум до минус два, а дневната од пет до 10 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до минус шест и со дневна до седум степени.

Во вечерните и ноќните часови се очекува промена на времето, која ќе се манифестира преку преодно наоблачување со краткотрајни слаби врнежи од снег особено во западните и северите делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура во следните денови.

06.12.2013 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега